Дома Фудбал Познато каде ќе оди Антоан Гризман по Атлетико Мадрид

Познато каде ќе оди Антоан Гризман по Атлетико Мадрид

Ова не е сезоната во која Антоан Гризман е клучен играч за Атлетико Мадрид. Се разбира, не е веќе ни во години кога може да продуцира како порано.

Но, се прилагоди на улогата која му ја додели Диего Симеоне и кога е потребно да влезе и помогне на тимот, тоа го прави.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


На крајот на краиштата, станува збор за најдобриот стрелец на Атлетико на сите времиња. Човек кој стана симбол на клубот.

„Нова улога? Разбирам дека треба да бидам професионалец, да бидам пример и да им покажам на сите дека можам да играм и дека имам сè што ми е потребно за тоа, како и да заслужам место во почетниот состав“, изјави Гризман за шпанскиот “Ас”.

Се споменува негово заминување веќе на лето и покрај договорот до 2027 година. Се пишуваше дури и за можна авантура во Олимпик Марсеј, но пореален е друг континент. Колку му пречат шпекулациите?

„Не ми пречат. На крајот на краиштата, отсекогаш сум бил тема на некои разговори. Од првиот ден кога стигнав, па до последните денови ќе биде така. Но, како што веќе реков, многу сум среќен тука. Сите знаат дека МЛС е мојот сон, мојата цел. Сè уште имам договор, сакам да го продолжувам и да бидам важен играч“, рече тој.

Гризман оваа сезона одигра 12 натпревари и постигна четири голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ретклиф даде „зелено светло“: Јунајтед ќе има и кошаркарски клуб

Приказните за НБА Европа можеби малку се намалија, но далеку од тоа дека не се присутни. Е…