Дома Фудбал Познато е колку долго ќе отсуствува Кол Палмер од теренот

Познато е колку долго ќе отсуствува Кол Палмер од теренот

Тренерот на Челси, Енцо Мареска, ги даде најновите информации за повредата на Кол Палмер пред утрешниот натпревар во Премиер лигата против Брајтон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На прес-конференцијата пред натпреварот, Мареска откри дека клубот одлучил привремено да го поштеди еден од клучните играчи за да се спречи влошување на неговата здравствена состојба.

„Одлучивме малку да го заштитиме Кол за да не се влоши неговата повреда. Мораме да бидеме претпазливи со него.

„Не мислам дека е потребна операција. Тоа е прашање на управување со болката, а со ваков ритам на натпревари такви работи можат да се случат,“ додаде тренерот на Сините.

Палмер од почетокот на сезоната е еден од најважните играчи на Челси, а неговото привремено отсуство претставува значителен удар за тимот на Стемфорд Бриџ.

Неговото отсуство ќе се почувствува особено пред серијата тешки натпревари во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува фудбалска предавство какво што не е видено од 2010 година?

Капитенот на Тотенхем Кристијан Ромеро би можел да се трансферира во еден од најконтроверз…