Дома Останати Тенис Познати се финалистките на Австралија Опен: Киз ја елиминира втората најдобра тенисерка во светот

Познати се финалистките на Австралија Опен: Киз ја елиминира втората најдобра тенисерка во светот

Првиот гренд слем на сезоната, Австралија Опен, дојде до својата завршница, а денес ги дознавме финалистките во женска конкуренција на овогодинешното издание во Мелбурн Парк.

До првиот билет за финале стигна првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка.

Сабаленка во полуфиналето го совлада шпанската тенисерка Паула Бадоса за еден час и 24 минути игра.

Така, Сабаленка уште еднаш ја потврди својата неверојатна форма, а го доби мечот со сетови 6:4 и 6:2.

Поголема драма беше видена во второто полуфинале, каде што се соочија 14. тенисерка во светот Медисон Киз од САД и втората тенисерка во светот Ига Швјонтек од Полска.

Натпреварот траеше два часа, а на крајот триумфираше Киз со 2:1 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тешка срамота на УС Опен: Освои гренд слем во Њујорк пред десет години, сега одбиен за специјална покана

Стен Вавринка игра на последните турнири во својата кариера пред пензионирање, а малку е д…