Дома Фудбал Потврдени ужасните вести за Енрике: Против Барса без четворката која играше финале во ЛШ!

Потврдени ужасните вести за Енрике: Против Барса без четворката која играше финале во ЛШ!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен денес пристигнуваат во Каталонија каде што во среда ќе играат против Барселона во дербито на второто коло од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Луис Енрике доби лоши вести, бидејќи нема да може да смета на неговата ударна напаѓачка тројка и на капитенот Маркињос. Помеѓу патниците за Каталонија не е Бразилецот, а во Париз остануваат и Усман Дембеле, Дезире Дуе и Квича Кварацхелија.

Ова претставува сериозен предизвик за Енрике, кој ќе мора да импровизира, особено во нападот, каде што од стандардните играчи на располагање го има само Бредли Баркола, додека Маркињос ќе го замени новакот Илија Забарниј.

Не треба да заборавиме дека сите четворица отсутни играчи беа од едни од најважните и минатата сезона, и дека сите почнаа во финалето од Лигата на шампионите, во кое ПСЖ го совлада Интер.

Добрата вест е дека по кратка пауза и полесни повреди се вратија Витиња, Фабијан Руиз и Жоао Невеш.

Натпреварот Барселона – ПСЖ е закажан за среда во 21.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе се одложи почетокот на финалето на Светското првенство? Ова би бил сериозен удар за ФИФА

Најдолгото Светско првенство во историјата влегува во самиот финиш. Останаа само уште три …