Дома Фудбал Потегот на Реал Мадрид фудбалска Европа, навивачите не веруваат што читаат (Фото)

Потегот на Реал Мадрид фудбалска Европа, навивачите не веруваат што читаат (Фото)

Реал Мадрид се наоѓа во криза со резултатите и навивачите веќе го губат трпението. Промена на тренерот не помогна, Алваро Арбелоа го замени Чаби Алонсо.

Арбелоа имаше дебитантски настап како од кошмарите. Реал во осминафиналето на Купот на кралот беше елиминиран од второлигашкиот тим на Албасете по поразот со 3:2.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Атмосферата е далеку од идеална во Мадрид и секој следен престап ќе биде нов аларм.

Веќе за викендот Реал го пречекува Леванте во 20-то коло на Ла Лига, а тоа ќе биде првиот домашен натпревар на кој во Реал ќе преземат посебни мерки.

Медиумите блиски до мадридскиот клуб наведуваат дека по секој домашен натпревар на Реал ќе се прегледуваат камерите на Сантијаго Бернабеу.

Навивачите кои ќе бидат фатени како ѝ свират на играчите и стручниот штаб ќе добијат забрана за пристап на домашни натпревари за одреден период.

Несекојдневен и помалку очаен потег во редовите на кралскиот клуб.

Како објаснување ги изнесуваат фактот дека било каков притисок и лоша атмосфера на трибините не му помага на клубот во овие моменти.

Играчите треба да добијат максимална поддршка и веруваат дека клубот што побргу ќе се извлече од актуелната криза.

“Кој сака да свири и навредува, може да го направи тоа, но не на стадионот”, се наведува во соопштението блиско до клубот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oдбраната пред се: Нема да си верува колку пари потрошил Гвардиола на 25 дефанзивци!

Манчестер Сити го ангажираше дефанзивецот Марк Гуехи од Кристал Палас за сума од 23 милион…