Дома Фудбал Поранешниот играч на Јувентус (26) ја заврши кариерата: Морав повторно да научам да одам и да зборувам

Поранешниот играч на Јувентус (26) ја заврши кариерата: Морав повторно да научам да одам и да зборувам

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Симоне Мураторе (26) објави дека ставил крај на својата фудбалска кариера откако закрепнал од редок вид тумор на мозокот, кој му бил дијагностициран пред три години.

Италијанскиот играч од средниот ред ја помина фудбалската школа на Јувентус, а дојде и до првиот тим.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Тој дебитираше во Лигата на шампионите во 2019 година, а во Серија А за прв пат играше во 2020 година.

Потоа следеше преселба во Аталанта, па во Португалија во Реџано и Тондела. Но, поради тешка болест не можеше да продолжи да игра фудбал. Тој со порака на Инстаграм стави крај на кариерата.

“Зад мене се денови, месеци и години на страдање. Морав да научам да зборувам, да одам, да трчам, да пишувам и повторно да читам. Како да сум повторно роден. Понекогаш ми е тешко да станам од креветот. Се обидов да дојдам назад и да ја продолжам мојата фудбалска кариера, но не сум истиот како порано, па ќе ја завршам денес.

Имам среќа затоа што играв со фантастични играчи и многу од моите соиграчи подоцна станаа мои пријатели. Горд сум на се што постигнав. Благодарност до моите родители, пријатели и семејството. Најмногу учите колку нешто ви е важно кога сте блиску до губење. Животот е прекрасен подарок“, напиша Мураторе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик: Атлетико е најдобриот тим во Примера

Утре во рамките на Примера се игра големото дерби помеѓу екипите на Атлетико Мадрид и Барс…