Дома Фудбал Поранешниот фудбалер на Челси стана свештеник поради болеста на сопругата, сега се враќа во Англија

Поранешниот фудбалер на Челси стана свештеник поради болеста на сопругата, сега се враќа во Англија

Гавин Пикок (57) не е непознато име во британскиот фудбал. Тој беше професионален фудбалер од 1987 до 2006 година. Играше за младинските селекции на англиската репрезентација, а најзначајните денови од кариерата ги помина во Њукасл и Челси. За „сините“ одигра три сезони во кои забележа 103 натпревари и постигна 17 гола како среден играч.

Во 2001 година ја прекина кариерата кога стана стручeн коментатор за телевизиски фудбалски преноси, а во 2006 година животот му се промени драматично. Тогаш неговата сопруга сериозно се разболи, што го натера да го преиспита својот поглед на светот и одлучи да учи теологија, а во 2012 стана протестантски пастор и се пресели во Канада.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сега се враќа во Англија, и тоа во својство на свештеник. „Играв финале на ФА купот пред 70 илјади луѓе, но чувствувам многу поголема одговорност кога држам миса или предавање пред 30 луѓе. Ќе им држам на младите проповеди за вера и фудбал. Во следната година тоа е мојот цел живот“, изјави во интервју за англиските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо добил целосно одврзани раце да ја остави на клупата секоја од ѕвездите на Реал Мадрид.

Раководството на Реал Мадрид му изрази целосна доверба на тренерот на тимот Чаби Алонсо и …