Дома Фудбал Поранешниот фудбалер на Арсенал не крие: Ако Исак дојде – ќе бидам многу среќен!

Поранешниот фудбалер на Арсенал не крие: Ако Исак дојде – ќе бидам многу среќен!

Сегашниот фудбалер на Њукасл, Александер Исак, е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата и многумина сметаат дека е време за напредок.

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Емануел Ебуе, токму за него зборуваше како потенцијално засилување за „топџиите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Ќе бидам многу, многу среќен ако го видам Исак во Арсенал. Исак ја познава лигата многу добро, постигнува голови, и тоа секоја недела. Би бил многу среќен, добар е напаѓач. Кога го гледам како игра, мислам на Тиери Анри, бидејќи на сличен начин постигнува голови. Класа од играч. Го обожувам,” кажа Ебуе.

Потоа продолжи да го фали овој напаѓач.

“Арсенал има пари, и мислам дека треба да го купи. Исак можам да го замислам само во Арсенал. Кога игра Њукасл, ги гледам само поради Исак,” кажа Ебуе.

Фото: Newcastle/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…