Дома Фудбал Поранешен фудбалер на Челси жестоко го критикуваше тренерот: Ова ќе биде е*ана катастрофа!

Поранешен фудбалер на Челси жестоко го критикуваше тренерот: Ова ќе биде е*ана катастрофа!

Нигериецот се повлече од професионалниот фудбал во 2021 година, а сега води многу популарен подкаст во кој вчера жестоко го критикуваше тренерот на Челси, Енцо Мареска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челси моментално се наоѓа во лоша форма, а капката што ја прели чашата се двата последователни порази против Брајтон во рок од шест дена.

Прво, „сините“ загубија во ФА купот со 1-2 и така го напуштија ова натпреварување, а потоа беа поразени од истиот тим во англиската Премиер лига дури 0-3.

Навивачите не се задоволни од игрите на своите миленици, но ниту од некои тактички потези на шефот на стручниот штаб, Енцо Мареска.

Еден од оние кои не се задоволни од италијанскиот тренер е и бившиот играч на Челси, дефанзивниот средниот играч – Џон Оби Микел.

Нигериецот помина дури 11 сезони во дресот на Сините, па сигурно е дека неговиот збор има одредена тежина.

„Ќе биде е*ана катастрофа ако не завршиме на местата што водат во Лигата на шампионите. Го мразам тоа што го рече Мареска, дека не беше договор да влеземе во Лигата на шампионите оваа година“, рече Микел.

„Доколку го сакаш клубот, мораш да кажеш кога нешто не оди како што треба. Сега сите можеме да видиме како стојат работите, бев во право“, дополни Нигериецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…