
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, се огласи на социјалните мрежи по завршувањето на баражот за Светското првенство.
Македонија најпрво претрпе убедлив пораз од Данска во Копенхаген со 4-0, а потоа во дуелот без резултатско значење одигра 0-0 реми против Ирска во Даблин.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Дадовме сè од себе понекогаш работите не излегуваат како што ги замислувавме. Ви благодариме за поддршката се гледаме со нови успеси. Напред Македонија. Глава горе“, напиша Барди.
Тој беше стартер на двата натпревари, и во Копенхаген и во Даблин.