Дома Фудбал Погледнете како Енрике го води натпреварот на ПСЖ во Лигата на шампиони

Погледнете како Енрике го води натпреварот на ПСЖ во Лигата на шампиони

Едно од најатрактивните дербија на богатата вечер во Лигата на шампиони го одиграа Париз Сен Жермен и Тотенхем на Паркот на принцовите. Во возбудливиот натпревар кој заврши со резултат 5:3, три гола постигна Португалецот Витинја, додека по еден додадоа Фабијан Руиз и Вилијам Пачо.

За Тотенхем двапати стрелаше Рандал Коло Муани, а уште еден погодок додаде Ришарлисон. Со оваа победа ПСЖ се искачи на второто место на вкупната табела во Лигата на шампиони, додека Тотенхем падна на 16-та позиција.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во почетните минути од натпреварот немаше погодоци, но камерите забележаа интересна сцена. Луис Енрике се најде на трибините иако не беше под суспензија. Шпанецот веќе има објаснето дека му е подобро да ја согледува играта од повисока позиција, заради што обично првото полувреме го минува на повисоко место, со слушалки и постојана врска со клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…