Дома Фудбал Погледнете го жестокиот прекршок поради кој фудбалер би можел да биде уапсен и депортиран (Видео)

Погледнете го жестокиот прекршок поради кој фудбалер би можел да биде уапсен и депортиран (Видео)

Снимката од брутален старт без топка во пониска фудбалска лига во австралиската Нов Јужен Велс предизвика шокирање на јавноста, а навивачите бараат строги казни за играчот, вклучувајќи апсење и депортација. Инцидентот се случи на натпреварот меѓу клубовите NWS Spirit и Sutherland Sharks, а видеото за кратко време собра над три милиони прегледи.

Во 69-та минута од натпреварот, напаѓачот на Спирит, Калум Кијли, беше исклучен откако намерно стапна на зглобот на одбранбениот играч на Шаркс, Џејми Перцевски. Топката не беше ни блиску до двата играчи, а Кијли, кој веќе имаше жолт картон, доби втора јавна опомена и мораше да го напушти теренот. Додека Перцевски се превиткуваше од болки, Кијли ги крена рацете, симулирајќи невиност, но снимката брзо ги откри неговите вистински намери и предизвика гнев на социјалните мрежи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реакциите на интернет беа уште поостри. Мнозина повикаа на доживотна забрана за игра за Кијли, а некои отидоа дури и чекор понатаму, барајќи властите да интервенираат надвор од фудбалските рамки. “Доживотна забрана за овој насилник. Беше намерно и со предумисла”, напиша еден корисник. “Проба да му го скрши зглобот, јас би ги предал доказите на полицијата”, додаде друг.

Се појавија и бројни повици за поднесување полициска пријава за напад, а бидејќи Кијли е роден во Обединетото Кралство, некои побараа и негова депортација. “Ова апсолутно треба да се санкционира и надвор од играта”, еден од коментарите. Во средината на контроверзијата, и Кијли и Перцевски ги заклучија своите профили на социјалните мрежи.

Клубот НВС СПирит брзо реагираше и го суспендираше својот играч. Претседателот на клубот, Франк Марчи, објави официјално соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претепан германскиот судија кој неодамна го запроси своето момче пред 50.000 гледачи (Фото)

Германскиот фудбалски судија Паскал Кајзер, кој претходниот викенд на мечот во Бундеслигат…