Дома Фудбал Погба: Побарав помош од Јувентус, но не ја добив

Погба: Побарав помош од Јувентус, но не ја добив

Пол Погба откри дека не добил поддршка од Јувентус додека бил суспендиран за употреба на допинг. Французинот даде позитивен допинг тест по натпреварот против Удинезе во 2023 година. Првично беше казнет четири години, но потоа санкцијата му беше намалена на 18 месеци.

Погба е блиску до враќање на теренот, откако се договори со Монако и се очекува да биде дел од францускиот тим наредната сезона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Побарав помош од Јувентус, но не ја добив. Побарав фитнес тренер, а уште бев дел од тимот. Имав право да го добијам. Не велам дека Јувентус не ме поддржа“, сподели Погба.

„Не разбрав зошто. Мислев дека сум во војна со антидопинг властите, а не со Јувентус. Не можев да продолжам да ги носам децата на училиште секој ден поминувајќи покрај стадионот и тренинг центарот, знаејќи дека нема да можам долго време да играм. Децата ме прашуваа кога ќе се вратам на теренот и ќе можат повторно да ме гледаат“, дополни играчот од средниот ред.

Французинот е подготвен за неговото враќање: „Ментално и физички сум подготвен. Со нетрпение очекувам да се вратам. Имам 32 години, но сеуште се чувствувам како дете“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваков рекордер не сте сретнале: Навивач на Монако има над 1000 дреса!

Верниот поддржувач на Монако постигна светски рекорд за најголема колекција на оригинални …