Дома Фудбал Погба наскоро би можел да заигра со поранешните ѕвезди на Барселона

Погба наскоро би можел да заигра со поранешните ѕвезди на Барселона

Францускиот играч за врска, 31-годишниот Пол Погба, кој во моментот е без клуб, би можел да ја продолжи кариерата во американскиот Интер од Мајами, сега дел од сопственост на Дејвид Бекам, објавија британските медиуми.

Светскиот шампион од 2018 година во неделата беше во друштвото на Бекам на отворањето на новата сезона во МЛС лигата на натпреварот во кој Интер Мајами на својот стадион го пречека Њујорк Сити (2-2). Погба во ноември спогодно го раскина договорот со Јувентус и од тогаш доста време поминува во САД.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Во март му истекува суспензијата од една и пол година, која ја доби поради тоа што на допинг тестирање кај него беше утврдена присутност на супстанца што го поттикнува растот на тестостерон. Првично му беше изречена четиригодишна суспензија, но во жалбената постапка беше утврдено дека не знаел што зема и казната му е намалена.

Порано беше еден од најскапите играчи за врска во светот. Во летото 2016, Манчестер Јунајтед за него на Јувентус му платија отштета од 105 милиони евра. Шест години подоцна се врати во Јуве, но како слободен играч, односно без отштета. Во последните две и пол години речиси и не играше, помина на терените само 213 минути.

Доколку потпише за Интер Мајами, соиграчи ќе му бидат поранешните ѕвезди на Барселона, Лионел Меси, Луис Суарес, Жорди Алба и Серхио Бускетс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд го сруши Тотенхем, Јунајтед едвај против Ипсвич

Манчестер Сити се избори за победа на гости против Тотенхем, додека Јунајтед едвај го совл…