
Фудбалерите на Баерн Минхен триумфираа против Реал Мадрид на Сантиаго Бернабеу со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони.
Првиот гол за Баерн го постигна Луис Дијаз во 41-та минута, а на самиот почеток на второто полувреме, одличниот Хари Кејн ја зголеми предноста за Баварците.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Англичанецот на тој начин испиша нова страница на историјата и ја разбил бизарната клетва. Ова му беше 51-виот гол во најелитното европско натпреварување, а интересниот факт е дека ова е неговиот прв погодок постигнат надвор од шеснаесетникот.
Неверојатно е што прави Кејн оваа сезона, досега постигнувајќи 49 погодоци на сите натпреварувања, што е повеќе од бројот на одиграни натпревари.
Ова беше неговиот 11-ти гол во Лигата на шампиони оваа година, а повеќе од него има само Килијан Мбапе со 14. Очигледно е дека двајцата се во борба за титулата најдобар стрелец на ЛШ. Со оглед дека Баерн е на добар пат да го елиминира Реал, не е изненадувачко ако Кејн успее да го престигне Французинот до крајот на сезоната.