Дома Останати Кошарка Подготвен план за најголемата “бомба” во НБА: Дончиќ може да го промени клубот!

Подготвен план за најголемата “бомба” во НБА: Дончиќ може да го промени клубот!

Угледните американски медиуми објавија сензационална вест, а тоа е дека славната НБА франшиза Мајами подготвува план за ангажман на Лука Дончиќ.

Иако е задоволен во Далас и подготвен за нов договор, Дончиќ може да добие спектакуларна понуда од Маиами. За ова интензивно пишуваат познати локални новинари, многу добро упатени во случувањата во соблекувалната на Маиами.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Како што пишуваат Бери Џексон и Ентони Чијанг од Мајами, подготвија своите стратешки цели во врска со финансиите за наредниот период, а тука успеаја да го вклучат и ангажманот на Лука Дончиќ.

Во моментов клубот се наоѓа на голема раскрсница со најголемата ѕвезда Џими Батлер. Лидерот на Мајами ја изгуби страста за играње во овој клуб и сака нов почеток некаде на друго место, па така му беше изречена трета суспензија пред неколку дена.

Во Мајами планираат до 2026 година да ослободат повеќе од 80 милиони долари во буџетот за да доведат големо засилување, а прва мета ќе биде одличниот словенечки кошаркар.

Маиами планира што побрзо да ја реши ситуацијата со Батлер и да му најде нов клуб, а за возврат да добие евентуално висок избор на некои од следните драфтови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

„Земјотрес“ во Евролигата: Светскиот шампион ја напушти НБА и се врати во Европа

Кошаркарскиот репрезентативец на Германија, актуелниот светски шампион, Даниел Тајс, потпи…