
Поранешниот младински фудбалер на Наполи и подоцна афирмиран диџеј, Микеле Ношкезе, трагично го загуби животот во саботата наутро во својот дом на Ибица на само 35 години, по инцидент во кој бил инволвиран со шпанската полиција.
Според извештаите на локалните медиуми, до конфликтот дошло откако соседите пријавиле прегласна музика од забава што Ношкезе ја организирал. На повикот реагирала шпанската цивилна гарда, а по нивното пристигнување ситуацијата брзо ескалирала. Сведоци тврдат дека дошло до физички судир помеѓу полицијата и диџејот, при што тој бил жестоко претепан.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Подоцна бил пронајден мртов во неговиот дом, а околностите околу смртта се сè уште предмет на истрага.
Фото: Принтскрин