Дома Фудбал По освоеното Скудето на Наполи се огласи и Елмас (Фото)

По освоеното Скудето на Наполи се огласи и Елмас (Фото)

Екипата на Наполи по вторпат во последните три сезони се закити со шампионската круна во италијанската Серија А, откако во последното коло на „Диего Армандо Марадона“ го совлада Каљари со 2-0. Со оваа победа, „партенопејците“ ја потврдија доминацијата во домашниот шампионат и уште еднаш се искачија на тронот на италијанскиот фудбал.

По големиот триумф, до новите шампиони стигнаа бројни честитки од целиот фудбалски свет, меѓу кои и една со посебна емоција – од македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Иако во моментов ги брани боите на Торино, Елмас не ги заборави своите пет години минати во Наполи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Преку објава на својот официјален Инстаграм профил, Елмас упати искрена честитка до својот поранешен клуб, а сподели и видео на кое се гледа дека навивачите на Наполи сè уште не го забораваат. Македонскиот фудбалер беше дел од Наполи од 2019 до 2024 година, но во последната сезона ретко добиваше шанса да настапи. Сепак, врската со клубот и навивачите очигледно останала силна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…