Дома Фудбал По драмата во купот Барселона подготви понуда за напаѓачот на Атлетико!

По драмата во купот Барселона подготви понуда за напаѓачот на Атлетико!

Синоќа неверојатен натпревар во Кралскиот куп играа Барселона и Атлетико Мадрид, а според шпанските медиуми, Барселона веќе денес подготви понуда за ѕвездата на “Јорганџиите”.

Во првиот натпревар од полуфиналето на Кралскиот куп, Барселона и Атлетико Мадрид одиграа нерешено 4:4.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Атлетико по шест минути имаше водство од 2:0 со голови на Алварез и Гризман, но сè се промени до полувремето.

Барселона успеа да го сврти резултатот преку Педри, Кубарси и Мартинез.

Играчите на Ханси Флик дојдоа до четвртиот гол во 74-та минута кога погоди Левандовски.

Сепак, Атлетико Мадрид успеа да избегне пораз и со головите на Љоренте и Сорлот дојде до изедначување.

Реклами

Само ден по лудниот натпревар на Олимпискиот стадион во Барселон раководството на каталонскиот гиганат сака нов фудбалер, токму од тимот на Симеоне.

Конкретно, Барса е спремна да го доведе Јулијан Алварез под команда на Ханси Флик и подготви понуда.

Според извештаите на Фиџајес, тимот на Блауграна сака да понуди не помалку од 60 милиони евра за аргентинскиот напаѓач, како и еден играч за замена.

Наведените извори тврдат дека “жртвата” би бил Феран Торес, кој би преминал во Атлетико Мадрид во замена за Аргентинецот..

Останува да се види дали Атлетико е подготвен да се откаже од услугите на Јулијан Алварез, само една година по неговиот трансфер од 75 милиони евра од Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан продолжува да тоне

Тимот на Милан се соочува со низ од слаби резултати, кој продолжи со поразот од Болоња во …