Во овој момент, Џамал Муисала е еден од најдобрите фудбалери во светот. Имаше многу шпекулации околу неговата иднина, а сега, според странските медиуми, тој ја прифати понудата за нов договор.
Во летото 2026 година, односно на крајот на следната сезона, истекува договорот на Џамал Муисала со Баерн.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој 21-годишен германски репрезентативец е на листата на желби на клубови како Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер Сити.
Големиот интерес за него воопшто не е изненадување ако ги погледнеме неговите квалитети и придонес на теренот, а јасно е дека и Баерн сака да го задржи во своите редови.
Според она што го објави „Фичахес“, Муисала веќе одлучи за својата иднина.
Како што објави споменатиот извор, Џамал Муисала е подготвен да потпише нов договор со минхенскиот Баерн.
Новиот договор ќе го продолжи партнерството за уште четири или пет години, и на тој начин за другите клубови, барем засега, вратите ќе бидат затворени.
Ќе стане Џамал Муисала и најплатениот играч на баварскиот ти со годишна плата од 25 милиони евра.
Во моментов идентична сума заработува само англискиот напаѓач Хари Кејн, кој во Баерн пристигна во 2023 година од Тотенхем.
Интересно е дека досега Џамал Муисала заработуваше пет милиони евра по сезона, па така, неговата плата ќе биде пет пати поголема.