
Италијанскиот фудбалски стратег Стефано Пиоли официјално се враќа на чело на Фиорентина, објави клубот од Фиренца денеска.
Пиоли, кој веќе го водеше тимот во периодот од 2017 до 2019 година, потпиша нов тригодишен договор со Фиорентина.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Претседателот на клубот, Роко Комисо, изрази големо задоволство од назначувањето на Пиоли за нов тренер.
“Многу сум задоволен што Стефано Пиоли е новиот тренер на нашиот прв тим. Од првиот миг на нашите разговори, осознав дека е тренер со високи човечки вредности, подготвен да направи сè за овој клуб и овој град, кој го познава длабоко и има силна врска со него. Заедно со моето семејство и целиот тим на Фиорентина, му посакувам топло добредојде назад и многу успеси во клубот,” изјави Комисо, пренесе официјалната веб-страница на клубот.
Stefano Pioli è l’allenatore della Fiorentina💜⚜️#forzaviola #fiorentina pic.twitter.com/I2grM8QAzx
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) July 12, 2025