Српскиот кошаркар Никола Јокиќ блескаше ова лето на Олимписките игри во Париз и помогна на српскиот национален тим да освои бронзен медал, а иако многумина очекуваа дека ќе биде уморен на стартот на новата сезона – всушност игра уште подобро за Денвер. Јокиќ моментално има просек од трипл-дабл со 32,3 поени, 13,6 скокови и 10,2 асистенции, но неговиот тим не стои добро на Западот и има само 12 победи и 10 порази.
Поради оваа ситуација во Денвер се зголемуваат критиките на сметка на генералниот менаџер Келвин Бут, но прашање е на време кога и тренерот Мајкл Мелоун ќе биде мета на напад. Тоа е природно во тренерската кариера, па на оваа тема коментираше и селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што пренесува „Спорт Клуб“, Пешиќ одржа предавање на студентите од Високата школа за спорт и здравје во Белград, каде се наврати и на ситуацијата во Денвер која не е добра.
„Да се биде тренер во клуб и селектор, се две различни работи. Селекторот мора да се прилагоди на играчите, но без да ја изгуби филозофијата. Тоа мора да остане, целосно, дури и ако Никола Јокиќ не игра. Има луѓе што и понатаму паѓаат во несвест кога го вадам од игра. Тоа е незамисливо бидејќи е најдобар. Да, тој е најдобар на светот, но моментално, да речеме, Денвер губи. Тимот не е еден играч, исто како што поединецот не може да ги совлада сите. Секако не зборувам за Никола Јокиќ“, рече Пешиќ.