Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, неодамна беше во Манчестер, каде што неговиот клуб гостуваше во првиот натпревар од плеј-офот на Лигата на шампионите, а Шпанците тврдат дека успеал да договори нов играч за својот тим.
Всушност, добро информираните луѓе од островот тврдат дека Флорентино практично го финализирал договорот со Трент Александер-Арнолд и дека луѓето од Мадрид дури и се сретнале со играчот во последните денови, искористувајќи го присуството на „белата“ експедиција на британска територија за да го завршат договорот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Понатаму, десниот бек на англиската репрезентација и Ливерпул трипати бил контактиран од страна на Манчестер Сити, но секој пат изјавил дека негова желба, како и на многумина, е да игра во дресот на Реал.
Арнолд добро знае дека Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот и таму може да стане легенда. Поради тоа разгледувал само две опции: Ливерпул или Реал Мадрид.