
Реал Мадрид синоќа си создаде тежок предизвик за реваншот, но изгледа дека Кралевите „случајно“ открија што им е потребно. Хрватскиот репрезентативец, Јосип Станишиќ, блесна на Бернабеу и доби пофалби од сите страни.
Навикнати сме да гледаме повеќе хрватски фудбалери во финишите на Лигата на Шампионите, а еден од нив кој оваа сезона има клучна улога без сомнение е Јосип Станишиќ.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Дефанзивец на Баерн Минхен беше меѓу најзабележителните во големата победа против Реал Мадрид со резултат 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето.
Станишиќ одигра сите 90 минути на десната страна на одбраната и имаше тежок тест. На неговата страна играше Винисиус Жуниор, еден од најопасните крилни напаѓачи денес.
Интересно е што Станишиќ пред натпреварот беше поврзуван токму со Реал Мадрид.
Се појавија информации дека шпанскиот великан е заинтересиран за него. Сепак, ако тоа беше обид за дестабилизација пред натпреварот, на теренот не остави никаква трага.