
Реал Мадрид избори пласман во финалето на Шпанскиот Суперкуп откако во полуфиналето во Саудиска Арабија го победи Атлетико Мадрид со 2:1, но најмногу внимание привлече инцидентот помеѓу Диего Симеоне и Винисиус Жуниор.
За време на натпреварот дојде до жестока вербална расправија помеѓу тренерот на Атлетико и бразилското крило на Реал. Камерите на шпанската телевизија снимија како Симеоне му пријде на Винисиус и му упати провокативна порака:
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Флорентино ќе те исфрли од клубот, запомни го тоа што ти го кажувам“.
Според извештаите на шпанските медиуми, претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез веднаш по натпреварот го контактирал Винисиус.
Како што се наведува, Перез јасно го осуди начинот на кој Симеоне зборувал со бразилскиот репрезентативец.
„Тоа што ти го кажа е срамно, не е спортски и не очекувам такво однесување“, наводно порача претседателот на клубот.