Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за „Златната топка“ која заврши во рацете на Родри.
Шпанецот во трката за престижното признание го победи Винисиус од редовите на Реал Мадрид. Бразилскиот ас се до последниот ден важаше за најголем фаворит, но тогаш се случи пресврт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Перез сега за првпат кажа што мисли за целата ситуација.
„Ако не беа Намбија, Уганда, Албанија и Финска. Винисиус ќе ја добиеше „Златната топка“. Гласаа луѓе кои не знаат за Винисиус. Од тие земји не доби ниту еден глас, ниту еден! По гласањето барем финското жири поднесе оставка и јас го ценам тоа“, изјави Перез.