Дома Фудбал Пеп: Ова е се полошо и полошо

Пеп: Ова е се полошо и полошо

Манчестер Јунајтед го победи Манчестер Сити со 1:2 на гостински терен во 16. коло од Премиер лигата.

Актуелниот шампион на Англија водеше до 88. минута со голот на Јошко Гвардиол, но не успеаја да победат. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола по натпреварот изјави:

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Вакви работи почнаа да ни се случуваат премногу често. Нашиот начин на игра не беше добар. Порано сè се одвиваше така глатко, сега се мачиме. Има многу порази оваа сезона. Тешко е да се прифати дека на крајот примивме два гола и загубивме. Не сме имале толку порази во претходните две сезони, загубивме премногу натпревари.

„Мислам дека овој пораз не беше најлошиот во последните девет години. Во Лигата на шампионите поразите се многу потешки. Но во моментов ни требаат резултати за да го подигнеме расположението. Се е полошо и полошо. Морам да најдам решение. Досега не сум успеал и тоа е вистината“. Сити во следното коло ќе гостува кај Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рој Кин жестоко удри по ѕвездата на Реал по поразот!

Реал Мадрид доживеа пораз од Баерн со 1:2 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата …