Дома Фудбал Пелегрини: Играчите се скршени

Пелегрини: Играчите се скршени

Челси го победи Реал Бетис со 4:1 и ја освои Конференциската лига. Англичаните станаа четврти освојувачи на ова натпреварување по Рома, Вест Хем и Олимпијакос и станаа први во историјата кои освоиле Лига на шампиони, Европска лига, Конференциска лига и Куп на победници на купови. Натпреварот го коментираше тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини.

“Што се случи во второто полувреме? Игравме одлично прво полувреме, постигнавме гол, имавме уште неколку чисти шанси, но во вториот дел нѐ скршија повредите, на пример Абде, и повеќе не можевме да му се спротивставиме на Челси, а тие почнаа да ни се закануваат”, рече тој, па се осврна на големата поддршка:

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


“Навивачите беа неверојатни, за време на натпреварот и после него. Тоа најмногу нѐ боли, што не можевме да им го донесеме овој трофеј. Обезбедивме Европа за следната сезона, но морам да кажам дека повредите денес навистина нѐ погодија. Против толку моќен тим како Челси, тоа секогаш ве чини.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Индзаги посочи кога ќе одлучи за иднината и што ќе направи разлика во финалето на ЛШ

Тренерот на Интер, Симоне Индзаги е уверен дека деталите и посебните ситуации во утрешното…