Дома Фудбал Пато сака да купи клуб во Англија

Пато сака да купи клуб во Англија

Поранешниот напаѓач Алешандре Пато заврши со својата кариера минатата година, а сега сака да влезе во сопственичките води.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Бразилецот води преговори за купување на Колчестер Јунајтед. Тој го посети клубот и се сретна со претседателот Роби Каулинг.

Пато при таа прилика уживаше во победата против Флитвуд Таун, но сè уште не е познато каква ќе биде инвестицијата.

Роби Каулинг е скоро две декади сопственик на Колчестер и изразил желба да го продаде клубот. Минатото лето се појави понуда од американската компанија „Lightwell Sports Group“, но договорот потоа пропадна.

Колчестер е на осмото место во четвртата Лига на англискиот фудбал, три бода од местото кое води кон плејофот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дини без милост за Лука: „Среќен е што воопшто е фудбалер“

Трој Дини жестоко го нападна напаѓачот на Наполи, а особено го налути односот на Лука кон …