Дома Фудбал Италија Oфицијално: Антонио Ди Натале стана тренер

Oфицијално: Антонио Ди Натале стана тренер

Поранешниот италијански напаѓач Антонио Ди Натале и официјално започнива тренска кариера.

До сега Ди Натале работеше во тимот на Специја до 17 години, а сега е именуван за прв тренер на тимот на Караресе кој се натпреварува во Серија Ц и кој неодамна го отпушти тренерот Силвио Балдини.

Во овој момент Караресе се наоѓа на 15. место на табелата и се очекува со Ди Натале работите да тргнат подобро.

Кога станува збор за играчката кариера ќе потсетиме дека Ди Натале го носеше дресот на Емполи и Удинезе и со 209 голови се наоѓа на шестото место на вечната листа на стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Мадрид не мируваат: Новото засилување за Мурињо веќе е познато

Борусија Дортмунд може да остане без еден од своите најважни играчи, а во целата приказна …