Дома Фудбал Италија Ди Натале: Слушнав дека Тоти го чека син му пред тренинг центарот на Рома, тоа е срам за клубот!

Ди Натале: Слушнав дека Тоти го чека син му пред тренинг центарот на Рома, тоа е срам за клубот!

Антонио Ди Натале своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи во италијанската Серија А и важи за вистинска легенда на Удинезе.

Ди Натале започна во Емполи, но летото 2004 година потпиша за Удинезе и до крајот на кариерата играше во овој клуб. Тој својата кариера ја заврши летото 2016 година кога го прослави својот 38. роденден и без дилеми е голема легенда на Серија А.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меѓутоа многумина веруваат дека Ди Натале можеше да направи многу подобра кариера ако прифатеше некоја понуда и го напуштеше Удинезе. Тој имаше повеќе примамливи понуди, меѓутоа се реши сите да ги одбие.

Во разговор за италијанските медиуми призна дека бил на големо искушение кога пристигнала понудата од Јувентус. „Старата дама“ сакала да го доведе во своите редови, но Ди Натале го одбил повикот од Торино.

„Се чувствував добро во Удинезе баш како и моето семејство. Ако ја прифатев понудата од Јувентус мојот живот сигурно ќе беше поинаков. Сепак, не знам дали би бил подобар или полош. Можеби ќе постигнев повеќе голови, но таквите работи не се среќа за мене. Бев среќен тука и не би менувал ништо. Не се покајав“, изјави Ди Натале.

Исто така Ди Натале зборуваше за неговиот стар пријател Франческо Тоти кој целата кариера ја посвети на Ром. Тој е шокиран што клубот не го третира онака како што заслужува.

„Слушнав дека Тоти не се чувствува добредојден во тренинг центарот на Рома Тригорија. Прочитав некаде дека го носи синот на тренинг и го чека во автомобилот додека заврши. Па тоа е скандал и голем срам за Рома. Тој испиша историја во клубот и треба да има негова статуа во тој тренинг центар“, смета легендарниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…