
Кристијано Роналдо останува најплатениот фудбалер во светот за 2025 година, пренесува авторитетното списание “Форбс”. Португалската ѕвезда на Ал-Наср заработува 280 милиони долари по сезона, откако го обнови договорот со саудискиот клуб за уште две години. Тој стана првиот фудбалер со статус на милијардер.
Неговиот долгогодишен противник Лионел Меси е на второ место во рангирањето, но со повеќе од двојно помал приход – 130 милиони долари. Францускиот напаѓач Карим Бензема е на третата позиција во рангирањето со 104 милиони долари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во рангирањето следат ѕвездите на Реал Мадрид и Манчестер Сити, Килиан Мбапе и Ерлинг Холанд.
Впечатливо е дека големиот талент на Барселона, Ламин Јамал, проби веќе на 18 години во Топ 10 на најплатените фудбалери во светот. Реал Мадрид има уште претставници во лицето на Винисиус Жуниор и Џуд Белингам. Други три се во саудиски тимови (Роналдо, Бензема и Мане), а двајца се во тимови од Премиер лигата (Холанд и Салах). Во топ 10 нема фудбалери од тимови во Италија, Германија и Франција.
Десетте најплатени фудбалери за 2025 година според “Форбс”:
- Кристијано Роналдо (Ал Наср) – 280 милиони долари
- Лионел Меси (Интер Мајами) – 130 милиони долари
- Карим Бензема (Ал-Итихад) – 104 милиони долари
- Килиан Мбапе (Реал Мадрид) – 95 милиони долари
- Ерлинг Холанд (Манчестер Сити) – 80 милиони долари
- Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) – 60 милиони долари
- Мохамед Салах (Ливерпул) – 55 милиони долари
- Садио Мане (Ал-Наср) – 54 милиони долари
- Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 44 милиони долари
- Ламин Јамал (Барселона) – 43 милиони долари