Дома Останати Ракомет Oва е контроверзната фотографија поради која што поранешниот голман на Еурофарм Пелистер доби отказ

Oва е контроверзната фотографија поради која што поранешниот голман на Еурофарм Пелистер доби отказ

Хрватскиот ракометен голман Филип Ивиќ доби отказ во РК Војводина поради фотографија направена на концертот на Марко Перковиќ Томпсон, по што повторно ја врати објавата на своите социјални мрежи.

Ивиќ пристигна во Војводина како значајно засилување само пред две недели од Еурофарм Пелистер, а во текот на својата кариера играше и за Загреб, Виве Киелце, Гумерсбах, Целје и Шамбери, додека член на хрватската репрезентација стана во 2013 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во соопштението од Војводина беше наведено дека договорот со Ивиќ се раскинува бидејќи “со зачуденост ја примија веста дека голманот Филип Ивиќ присуствувал на усташкиот концерт на Марко Перковиќ Томпсон, настан за кој велат дека не е музичка манифестација, туку усташки собир на кој отворено се слават идеи и симболи кои за српскиот народ се синоним за злочините”.

Ивиќ првично ја објави фотографијата од концертот, а потоа ја отстрани од своите социјални мрежи. Сепак, откако доби отказ во РК Војводина, реши да ја врати фотографијата.

Сега таа е повторно на неговите социјални профили и може да се погледне во приложениот дел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескаво деби во дресот на Битигхајм, откако со …