Дома Фудбал Oва досега не е видено: Ѓулер и Собослаи се скараа на теренот, Унгарецот му одговори на – Инстаграм! (Фото)

Oва досега не е видено: Ѓулер и Собослаи се скараа на теренот, Унгарецот му одговори на – Инстаграм! (Фото)

Турција на Пушкаш Арена во Будимпешта ја победи Унгарија со 3:0 и го потврди својот опстанок во Лига на нации А. На овој натпревар се случи конфликт каде што главни улоги имаа Арда Гулер и Доминик Собослаи.

Арда Гулер и Доминик Собослаи се судрија на теренот во натпреварот помеѓу Унгарија и Турција во Будимпешта. Разменија неколку зборови, а Арда му порача на фудбалерот на Ливерпул да молчи.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Унгарската ѕвезда тој моменто не го прифати најдобро, но му одговори по натпреварот.

Собослаи најде статистика за тoј од Реал Мадрид и на фотографија каде што Арда му вели да молчи, остави коментар каде што стои бројот 1088.

Тоа е всушност бројот на минути кои Турчинот ги одигра оваа сезона за кралскиот клуб и очигледно е дека Унгарецот решил да го исмее фактот дека Гулер има исклучително мала минутажа.

Треба секако да се напомене дека овој двоец имаше конфликт и минатата година кога се сретнале Унгарија и Турција, па нивната пресметка само се продолжи во оваа ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Влаховиќ го напушта Јувентус за Премиер лигата

Душан Влаховиќ, српскиот напаѓач, не успеа да се адаптира добро во редовите на Јувентус, п…