Дома Фудбал Ова болеше: Нејмар за малку избегна сериозна повреда!

Ова болеше: Нејмар за малку избегна сериозна повреда!

Бразилецот Нејмар се врати на теренот во првиот натпревар по паузата од речиси два месеца и веќе се најде во ситуација каде требаше да издржи брутален старт од противнички играч.

Голем дел од Бразил се надева дека Нејмар ќе биде дел од тимот на Светското Првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Иако досега нема освоено Мундијал со репрезентацијата, тој е икона и најдобриот стрелец на најтрофејната селекција во светот, и во својата земја се гледа како божество.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, селекторот Карло Анчелоти повеќепати истакна дека Нејмар нема да се најде на списокот ако не биде целосно спремен. Се поставува прашањето како да се постигне ова кога во Бразил речиси постојано е изложен на остри стартови.

По опоравувањето од повредата на коленото, Нејмар се врати на теренот по двомесечна пауза. Тој одигра половина меч во Паулиста шампионатот против четвртолигашот Вела и за малку избегна нова тешка повреда. Противничкиот тим, кој веќе играше со еден играч помалку и губеше со 4:0 (конечниот резултат беше 6:0), речиси ја испрати бразилската ѕвезда на нова и подолга пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција на Мундијалот ќе мора да игра и против две „проклетства“

Француската репрезентација, предводена од Килијан Мбапе и преполна со играчи од светска кл…