
Англиската Премиер лига го стави Лестер под независна комисија поради можни прекршувања на финансиските правила на Англиската фудбалска лига (EFL) во сезоната 2023/24, кога тимот играше во Чемпионшип, соопшти денес “BBC”.
Арбитражното тело потврди дека Премиер лигата нема надлежност да го санкционира Лестер за прекршувања на правилата за профит и одржливост за сезоната 2022/23, бидејќи клубот ја заврши таа сезона со испаѓање од највисокото ниво на натпреварување.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Сепак, истото тело пресуди дека Премиер лигата има власт да ги истражи потенцијалните прекршувања на правилата во натпреварувачката 2023/24 година.
Независната комисија исто така ќе испита и други две наводни прекршувања на правилата од страна на Лестер: ненавремено поднесување на финансиските извештаи до Премиер лигата до 31 декември 2024 година, како и недоволна и неадекватна соработка со лигата за време на истрагата.
“Клубот има намера целосно и кооперативно да соработува во овој процес, сега кога е потврдено дека Премиер лигата има надлежност за обрачунскиот период до крајот на финансиската 2024 година,” изјави Лестер, кој оваа сезона повторно испадна во Чемпионшип, по втор пат во последните три години.