
Целата Грција беше потресена од трагедијата кога се случи судар во Темишвар помеѓу камион и комби во кое се наоѓаа навивачи на ПАОК. Сега е откриена причината за овој страшен настан.
Во оваа сообраќајна несреќа животот го загубија седум навивачи кои беа на пат кон натпреварот на црно-белите со Лион. Катастрофалниот судир го видоа многумина, а сега е откриено зошто комбито завршило во левата лента по претекнувањето на камион.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Како што посочил еден од повредените на лекарите, воланот закочил во моментот кога се обидувал да се врати во десната лента. Причината за блокирањето на воланот е т.н. “помошна контрола на лентата”. Левиот мигавец бил вклучен и тоа автоматски не му дозволило на возачот да го врати комбито целосно во десната страна.
Поради тоа, оваа помош почнала да го враќа комбито во левата лента, потоа наишол и друг камион од спротивната страна и се случила фаталната несреќа.
Во оваа катастрофа животот го загубија седум навивачи на ПАОК, а тројца лица беа повредени.