Откако во четвртокот тенискиот свет беше потресен од допинг скандалот и суспензијата на Ига Швјонтек, во петокот многу остро се огласи Симона Халеп.
Пред две години Симона Халеп беше суспендирана поради позитивен тест.. Речиси две години траеше нејзината борба да докаже дека забранетата супстанца ја внела во организмот преку контаминирани намирници и во тоа успеа. Но, нејзината кариера практично беше уништена со моменталната суспензија која ѝ беше изречена на четири години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Седам и се обидувам да разберам, но многу ми е тешко да разберам нешто вакво. Се запрашувам – зошто постои ваква голема разлика во третманот и пресудата? И не можам да разберам како може да постои логично објаснување.. Единствено може да биде лоша намера од ITIA, организацијата која направи апсолутно сè за да ме уништи, и покрај сите докази. Навистина сакам да ги уништам последните години од мојата кариера, посакував нешто што никогаш не можев да замислам дека ќе сакам. Секогаш сум верувала во доброто, во фер третман, верував во добра волја. Беше болно, и сè уште е болно и можеби неправдата што ми е нанесена засекогаш ќе остане болна.”