Дома Фудбал Општа тепачка на натпреварот меѓу Фенер и Галата: Се судрија играчите на клупите (ВИДЕО)

Општа тепачка на натпреварот меѓу Фенер и Галата: Се судрија играчите на клупите (ВИДЕО)

Четвртфиналето на Купот на Турција ни го донесе и најголемото дерби на турскиот фудбал – судирот меѓу Фенербахче и Галатасарај.

Средбата на овие два тима по правило носи бројни тензии, турканици на теренот, како и многубројни картони.

Ни овојпат не беше исклучок, а при крајот на натпреварот дојде до вистинска мешаница покрај аут линијата.

За време на една акција на Фенербахче дојде до општа тепачка во која учествуваа играчите на двата тима, а на крај судијата покажа црвени картони за Мерт Јандас (Фенербахче) и Керим Демирбај (Галатасарај).

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Отворена постапка против Струга затоа што немало паркинг за автобусот на Вардар

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги соопшто казните за изминитете натпревари о…