Дома Фудбал Општ хаос во Словенија: Финалето во купот заврши со тепачка!

Општ хаос во Словенија: Финалето во купот заврши со тепачка!

Фудбалерите на Целје со триумф против Копер (4:0) го освоија Купот на Словенија и така дојдоа до трофејот, со кој оваа сезона ќе можат да ја заокружат успешно, иако не успеаја да ја освојат титулата во првенството.

Се беше решено во првото полувреме, Целје поведе преку Свет Сешлар во 26. минута, додека само четири минути подоцна Алјоша Матко зголеми на 2:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На пауза се отиде со три гола предност за Целје, бидејќи Никита Јосифов во 41. минута постигна и трет гол.

Матко десетина минути пред крајот го постави конечниот резултат на натпреварот, за големата радост на навивачите на Целје, сепак, ситуацијата беше многу поинаква.

Вистински хаос настана токму тогаш, кога дојде до голема тепачка, во која можеше да настрада и некогашниот тренер на Црвена звезда – Славиша Стојановиќ.

Тренерот на победничката екипа Алберт Риера по завршувањето на натпреварот сакал да се пресмета со Стојановиќ, но присутните спречија голема драма во Словенија.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…