
Иднината на голманот на Манчестер Јунајтед Андре Онана продолжува да биде со сериозни сомнежи, а сега камерунскиот чувар на мрежата како намерно додаде „масло во огнот“, со давање на доста нејасен одговор во врска со својата иднина.
Камерунскиот чувар на мрежата пристигна на „Олд Трафорд“ за околу 50 милиони евра, за да го замени Давид де Геа. Неговата изведба во дресот на „црвените ѓаволи“ остави многу прашања, а тој направи значителен број грешки. Во последните недели од сезоната, дури и неговата стартна позиција беше под прашање, а тренерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим неколкупати дури го отсрануваше од тимот.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
„Дали ќе си одам? Не знам, ќе видиме“, кратко одговори голманот на прашањето во врска со неговата иднина на „Олд Трафорд“ во Буркина Фасо, каде што се наоѓа моментално за учество на хуманитарни настани. „Црвените ѓаволи“ се поврзуваат со неколку голмани кои би можеле да дојдат во тимот и да конкурираат или го заменат Онана. Меѓу нив се Емилиано Мартинез од Астон Вила и Миле Свилар од Рома.