Дома Останати Ракомет Омерагиќ се сретна со првиот човек на УЕФА

Омерагиќ се сретна со првиот човек на УЕФА

Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ

Челниците на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ и в.д. генералниот секретар Дрилон Ганиу, на покана на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, престојуваа во официјална посета на Нион и разговараа со првиот човек на европската фудбалска организација и неговите најблискисоработници предводени од Зоран Лаковиќ, директор на Национални асоцијации.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Претседателот на ФФМ, Омерагиќ го информираше претседателот Чеферин за клучните цели на нашата организација во следниот период, кои првенствено се однесуваат на заеднички инвестиции во инфраструктура, реформите во македонскиот фудбал и изградба, реконструкција и обнова на фудбалските терени во нашата држава.

“Би сакал да изразам задоволство од овој конструктивен начин на комуникација со водечките луѓе во европскиот фудбал. Имавме прекрасен состанок и срдечен пречек од првиот човек на европскиот фудбал и еден од неговите најблиски соработници, Зоран Лаковиќ. Споделивме многу корисни и вредни информации за состојбата во нашиот фудбал и отворено разговаравме за клучните теми, што покажува дека претседателот Чеферин и раководството на УЕФА ги ценат мислењата на сите земји членки. Постои почит и огромна желба меѓу нас да ги најдеме најдобрите решенија за одредени предизвици со кои се соочуваме, за да продолжиме да го развиваме фудбалот на најдобар можен начин. Тоа првенствено се однесува на УЕФА инвестициските фондови и реформите во нашиот фудбал кои ни следуваат. Мора да дејствуваме веднаш за да избегнеме несакани работи и да тргнеме во позитивен тренд и нови успеси, изјави претседателот на ФФМ”, Масар Омерагиќ. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Трагедија го потресе српскиот спорт, почина поранешeн ракометар на Партизан и Црвена звезда

Никола Лазиќ, поранешен ракометар на Партизан, ненадејно почина. Црно-белите се простија о…