Дома Фудбал Олд Трафорд станува руина, глувците ја презедоа сопственоста на стадионот

Олд Трафорд станува руина, глувците ја презедоа сопственоста на стадионот

Манчестер Јунајтед последните години е во сериозна резултатска и организациска криза, а стадионот на кој дваесеткратниот шампион на Англија ги пречекува своите ривали е во катастрофална состојба.

Глувците веќе долго време се дома на „Олд Трафорд“, а доказ за тоа е насловната фотографија од теренот на култниот стадион на натпреварот од петтото коло во Лига Европа помеѓу Јунајтед и Бодо/Глимт на крајот од минатиот месец.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Звучи како шега, но сега стана јасно дека состојбата е полоша отколку што изгледаше тогаш, бидејќи беше откриено дека во просториите на стадионот има измет од овие глодари.

Англиските медиуми пренесуваат дека олеснителна околност е тоа што во кујните не биле пронајдени траги од измет од глувци, а според проценките на клубот, 250.000 гледачи јадат храна подготвена на „Олд Трафорд“.

„Нашите експерти за здравјето на животната средина дадоа оценка два (од пет) за хигиена на храната по рутинска посета. Сега тесно соработуваме со Манчестер Јунајтед за да се осигураме дека ситуацијата е усогласена со рејтингот и дека се спроведуваат неопходните мерки“, се вели во соопштението на Трафорд Бороу.

Друг голем проблем на стадионот е покривот што прокиснува над трибината именувана по иконата на клубот, Сер Алекс Фергусон. Проблемот со истекувањето се прошири од трибините во внатрешните простории, а доказ за тоа е видеото од прес-конференцијата по убедливиот пораз од Буренмаут (0:3) во натпреварот од 17. коло на англискиот шампионат.

Протекување на покривот ја прекина презентацијата на португалскиот стручњак Рубен Аморим, а новиот менаџер на Јунајтед ја искористи приликата да им даде до знаење на присутните дека нема намера лесно да се откаже од ублажувањето на катастрофалната ситуација во клубот.

„Да знаев како, ќе ги решев сите проблеми во овој клуб – дури и ова“, се пошегува 39-годишниот Аморим.

Веќе утре Јунајтед од 18.30 гостува кај Вулверхемптон, 18. на табелата со 12 бода. Тимот на Аморим е 13 со 22 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо има уште две цели: Илјада голови, но ова го мотивира уште повеќе

Кристијано Роналдо во својата богата кариера освои дури пет златни топки, европската титул…