Дома Фудбал Oфицијално: Марсеј има нова „деветка“!

Oфицијално: Марсеј има нова „деветка“!

Фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј го промовираше новиот офанзивец на крајот од зимскиот преоден рок.

Станува збор за алжирскиот напаѓач Амин Гуири кој за 19.000.000 евра и бонуси пристигна од Рен и ова претставува еден од најсилните трансфери во Лига 1 имајќи ги предвид квалитетите на играчот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одличен техничар, брз, со извонреден осет за пас и простор. Многу креативен фудбалер кој би требало совршено да се вклопи во тимот на Роберто де Дзерби и да формира одличен напад со Мејсон Гринвуд, Нил Мопеј, Луис Енрике, Џонатан Ру…

Гуири потпиша договор до 2029 година и дефинитивно ги зголеми шансите на Олимпик да биде вицешампион на земјата, но Марсеј е порозен одзади. Тоа нема да биде доволно за шампионската круна покрај Пари Сен Жермен, меѓутоа, кој може да им забрани да сонуваат.

Алжирецот главно делува зад најистурениот, може да игра и по крилото и оваа сезона на 20 натпревари бележи три гола и две асистенции за катастрофалниот Рен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лондонски клубови со интерес за Стeрлинг

Кариерата на Рахим Стeрлинг е во сериозен застој веќе некое време. 31-годишниот играч на Ч…