
Фудбалскиот клуб Партизан договори трансфер на Андреј Костиќ (19), млад црногорски напаѓач, во италијанскиот Милан.
Оваа тема беше во фокусот на Партизан веќе неколку дена, а сега конечно се на располагање и деталите за договорот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
“ФК Партизан постигна договор со Милан за трансферот на талентираниот напаѓач Андреј Костиќ.
Според постигнатиот договор, вкупната вредност на трансферот достигнува до 8 милиони евра. Нашиот клуб веднаш ќе заработи 3,5 милиони евра, додека дополнителни 4,5 милиони се предвидени преку бонуси.
Исто така, Партизан ќе добие 10% од следната продажба на играчот.
Андреј Костиќ ќе остане во ФК Партизан до јуни, па стручниот штаб може да смета на него до крајот на актуелната сезона”, стои во соопштението на клубот на официјалниот сајт.
Костиќ оваа сезона на 27 настапи во првенството на Србија постигна 10 голови. Претходно играше за Будуќност од Црна Гора, а дебитираше и за тамошната репрезентација.
Оваа сезона Партизан се бори за второто место во Суперлигата на Србија, додека Костиќ во Милан ќе мора да вложи голем напор за да обезбеди место во првиот тим.