Дома Фудбал Oфицијално: Милан има нов напаѓач

Oфицијално: Милан има нов напаѓач

Фудбалерот на Вест Хем, Никлас Фулкруг, ќе игра на заем до крајот на сезоната во Милан, потврди денеска италијанскиот клуб.

Милан има можност да го откупи 32-годишниот германски репрезентативец за околу пет милиони евра на крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фулкруг веќе започна со тренинзи заедно со новите соиграчи веќе кон крајот на минатата година откако ги помина медицинските прегледи. Може веднаш да дебитира, а тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, потврди дека ќе биде на клупа за натпреварот против Каљари во Серија А.

Поранешниот напаѓач на Вердер Бремен и Борусија Дортмунд потпиша со Вест Хем во 2024 година, но не успеа да остави добар впечаток.

Фулкруг одигра 29 натпревари во Премиер лигата и постигна само три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно го напушта Челси: Рахим Стерлинг се сели во лондонски ривал!?

Рахим Стерлинг наскоро би можел да стане нов член на Фулам. Англиските медиуми открија ден…