
Јапонската репрезентација прва и официјално преку квалификациите си обезбеди настап на Светското првенство 2026 година и се придружи на домаќините САД, Мексико и Канада кои директно се квалификуваа. Јапонија на натпреварот од 7. коло од групата C на главната фаза во азиската зона на квалификациите, како домаќин во Саитама го победи Бахреин со 2:0 (0:0).
Така, Јапонија три кола пред крајот стана недостижна за третопласираната репрезентација во групата. Место на СП ќе обезбедат по двете најдобри селекции од секоја група. Головите што ги растоварија Јапонците од сите грижи околу отидувањето на СП ги постигнаа Даиши Камада во 66. и Такефуса Кубо во 87. минута.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
За Јапонија ова е осмо учество на СП во низа. Дебитираше во Франција 1998 година и оттогаш не пропушти ниту еден Мундијал.