Дома Фудбал Oдбраната пред се: Нема да си верува колку пари потрошил Гвардиола на 25 дефанзивци!

Oдбраната пред се: Нема да си верува колку пари потрошил Гвардиола на 25 дефанзивци!

Манчестер Сити го ангажираше дефанзивецот Марк Гуехи од Кристал Палас за сума од 23 милиони евра. Оваа аквизиција инспирираше англиските медиуми да се позанимаваат со статистиката и да пресметаат колку дефанзивци играат во Сити од моментот кога Пеп Гвардиола стана тренер на тимот.

Се знае дека во јули оваа година ќе поминат точно 10 години од доаѓањето на Гвардиола од Баерн во Сити, период во кој Пеп освои сè што може да се освои.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во овие 10 години, Гвардиола доведе дури 25 дефанзивци во Сити. Со последното засилување, Гуехи, вкупната инвестиција на клубот во одбранбени играчи за ова време достигна вртоглави 1,6 милијарди евра, што е далеку поголема сума во споредба со другите клубови од традиционалната голема шесторка.

За споредба, Арсенал во истиот период ангажираше 19 дефанзивци, Челзи 20, Тотенхем 17, Манчестер Јунајтед 15, а Ливерпул 10, објави Goal.com.

Да потсетиме, откако Гвардиола пристигна, Сити освоил шест титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, два ФА купа, четири ЕФЛ купа и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Керик е тактички брутален, навивачите ќе застанат зад легендата на Јунајтед“

Еден од фудбалерите на Манчестер Јунајтед е особено оптимистичен со доаѓањето на Мајкл Кер…