Дома Фудбал Очоа и официјално доби повик, му се „смешка“ шести Мундијал

Очоа и официјално доби повик, му се „смешка“ шести Мундијал

Селекторот на фудбалската репрезентација на Мексико, Хавиер Агире, го повика 40-годишниот голман Гиљермо Очоа за предвидените пријателски натпревари против Португалија и Белгија.

Очоа не доби повик во националниот состав од Златниот куп минатата година, кога целосно остана на клупа како замена на Луис Малагон, кој минатата недела ја повреди Ахиловата тетива и ќе го пропушти Светското првенство.
Мексиканските фудбалери на 28 март ќе ја пречекаат Португалија на свеченото отворање на реновираниот легендарен стадион „Азтека“, а три дена подоцна ќе се соочат со Белгија на „Солџер Филд“ во Чикаго.

Токму тие и ќе г отворат Мундијалот против Јужна Африка, на 11 јуни од 21 час на стадионот „Ацтека“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета: Моите чувства кон Гвардиола не се промениле

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ќе се обиде да го освои својот втор сериозен трофеј от…