Дома Фудбал Oбезбедена е до крајот на животот: Еве колку ќе треба Роналдо да плати на Георгина, ако ја остави

Oбезбедена е до крајот на животот: Еве колку ќе треба Роналдо да плати на Георгина, ако ја остави

Кристијано Роналдо ја побара за жена Георгина Родригез, која во случај на развод ќе добива 100,000 евра месечно и ќе стане сопственичка на вила во Мадрид.

Иако ретко кој очекуваше, Роналдо по девет години конечно ја запроси Георгина, која веднаш се пофали со големиот веренички прстен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сè уште не ја имаат поставено датата за свадбата, но веќе се шпекулира за предбрачен договор. Роналдо сака да ги заштити своите милиони, како прв фудбалер кој стана милијардер. Георгина, во случај на развод, ќе биде обезбедена до крајот на животот. Тие веќе имаат интересен договор, таа добива месечно 100,000 евра и тоа ќе продолжи и по разделбата. Дополнително, луксузната вила во Мадрид би станала нејзина сопственост. Таа вила во Мадрид Роналдо ја купи за пет милиони евра во 2010 година и има 950 квадратни метри.

Георгина сигурно ќе го задржи и вереничкиот прстен, кој вреди огромно богатство. Според експертите, вредноста на прстенот е помеѓу два и пет милиони долари. Некои оценуваат дека има меѓу 15 и 20 карата, додека други сметаат дека има над 30 карата. Исто така, се шпекулира дека Роналдо би требало да и исплати 350 милиони евра на Георгина во случај на прекин. Овој договор, наводно, го склопиле Кристијано и Георгина кога почнале да живеат заедно и кога одлучиле да имаат биолошки деца.

Роналдо и Георгина имаат пет деца, две ќерки родени со Георгина во 2017 и 2022 година, додека Португалецот има и син, како и син и ќерка кои дојдоа на свет преку сурогат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

МВР потврди: Натпреварот Башкими – Кожуф бил наместен за 10.000 евра!

Министерството за внатрешни работи потврди дека натпреварот помеѓу Башкими и Кожуф бил на …